Михаил е добар - пронајден е на автобуска станица

Исчезнатото дете Михаил по кое се трагаше утрово е пронајдено. Неофицијално детето е пронајдено на автобуска станица во населбата Циглана. Тоа е во добра здравствена состојба и се испитува како и со кого заминало во таа насока. 

Претходно мајката апелираше на ФБ за помош при пронаоѓање на нејзиниот син кој е трето оделение и не пристигнал на училиште утрово.