Мигранти ограбиле човек во скопско

Мигрант од Етиопија со привремен престој во Србија, заедно со уште неколку лица ограбиле човек во близина на Скопје.

Имено, во вторникот околу 6 часот, М.Б. пријавил дека кај бензинска пумпа во село Дељадровци, скопско, М.М. (40) од Етиопија, со привремен престој во азилантски камп во Република Србија, со уште неколку непознати лица извршиле разбојништво над него.
Лицата физички го нападнале М.Б. и му одзеле еден мобилен телефон и 1050 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.