Метрополата од град во кој доминираше СДСМ, преку ноќ стана бастион на опозицијата

Лошата работа на градоначалниците,  завршување на обврските од кафеана, оддалеченоста од граѓаните и немање слух за решавање на проблемите се индиректната причина за слабиот резултат на СДСМ во скопските општини, а реализацијата на мал број проекти е директната причина поради која граѓаните им откажаа љубов за претседателските избори.  Ова се заклучоците на најголемиот дел од експертите и аналитичарите.

Метрополата од град во кој доминираше СДСМ, преку ноќ стана вмровски бастион.  Минатите локални избори СДСМ успеа да доминира во сите општини каде градоначалник е Македонец, сега две години подоцна победничката позиција ја задржаа само во Карпош и Центар. Кисела Вода, Бутел, Аеродром, Ѓорче Петров и Газа Баба на претседателските избори застана зад Гордана Силјановска Давкова.

Експертите во текот на денешниот ден коментираат дека: корупцијата, криминалот, нарачаните судски одлуки и непочитувањето на правото се причината за во Скопје, а и на глобално ниво СДСМ да доживее дебакл.

Во Ѓорче се гради зграда во паркот, во Аеродром не е реализиран ниту еден проект, во Бутел граѓаните шест месеци возеа по раскопани улици, Гази Баба секогаш била наклонета кон ВМРО ДПМНЕ – коментарите на социјалните мрежи се движат во оваа насока. Граѓаните порачуваат дека потребно е СДСМ во најскоро време да се реформира, да почне да работи за интересите на граѓаните, а не партиските интереси.