Метеоролозите за денес најавуваат снег

Претежно облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне ќе имаме денес.

Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 3 до максимални 12 степени.

Во Скопје и околината ќе има слично време со температури од 4 до 8 степени.

Сличнно време метеоролозите најавуваат и за утре, променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне во јужните делови. На планините и на некои повисоки места ќе има повремен снег. Ќе дува умерен северен ветер.