Меша Селимовиќ: Не пуштајте секого блиску до себе, ќе ги истрошите своите емоции, а тие тешко и бавно се лечат

Меша Селимовиќ  е познатиот автор на „ Тврдина“ и „Смртта на Дервишот“. Неговите дела се исполнети со многу убави, често тажни, но вистинити и големи мудрости за луѓето.

Ова се некои од неговите познати мисли.

Не. Не простувам бидејќи сум наивен, глупав или бидејќи немам гордост. Сѐ знам и сѐ гледам. Но, и понатаму верувам во доброто на луѓето. Така избрав и знам дека поради тоа животот ќе ми биде поубав и подобар. Простувам, но не заборавам. Давам по некоја шанса и себеси, но и на другите.

Мене за среќа ми се потребни ситници. Очи кои ме гледаат заљубено, прератка во која би сакал да ја поминам целата вечност. Да ми заигра срцето во нечија близина, стомакот да ме заболи од смеење. Ова се скапи ситници кои не можат да се купат со пари.

Верувај во себе. Не се откажувај и не попуштај. Цврсто држи се до своите соништа. Игнорирај ги оние кои се обидуваат да те обесхрабрат. Сакај се прво себеси, бидејќи не можеш да им помогнеш на другите ако не се сакаш себеси. Ќе биде подобро.

Сега сфаќам: пријателството е љубов кон друга личност. Сѐ друго може да се изневери, но тоа не може.

Не пуштајте секого блиску до себе, ќе ги истрошите своите емоции, а тие тешко и бавно се лечат. Ќе ја истрошите сета сила, секој последен атом добрина. Па, кога ќе дојдат оние кои вредат ќе немате што да им дадете.

Полека умира оној кој ја уништува сопствената љубов, оној кој не прифаќа помош. Полека умира оној ко се претвора во роб на своите навики, поставувајќи си себеси секој ден исти ограничувања, оној кој не ја менува рутината, оној кој не се осмелува да облече поинаква боја.