Месечен хороскоп за април 2020: Вага, Шкорпија и Стрелец

Во текот на април ќе ја почувствуваме силната енергија бидејќи Марс влегува во знакот Бик и таму ќе остане до 17 мај. 

Ова особено ќе се рефлектира на нашата самодоверба и страст кон остварување на амбициите, но негативно ќе се одрази на нашето его кое може да биде повредено.  Младата Месечина во знакот Овен на 18 април ни носи шанса да почнеме нови работи и да направиме нешто добро и ново за себе.

Вага

Можно е да ве очекува веридба или некоја нова љубовна ситуација која ќе го подигне односот со саканата личност на повисоко ниво. На работа можни се нови соработки, партнерства и потпишување договори. 

Нови понуди и можности на работа носат и подобра финансиска ситуација. Иако е важно да се размислува и да се планира однапред, голема одговорност може да донесе и беспотребна грижа. Пробајте да се опуштите.

Шкорпија

Се фокусирате на кариерата. И покрај вашите напори, голем дел од колегите се неодговорни што може да донесе до грешки, а лошата комуникација само ќе ги искомплицира проблемите.

Ве очекува несогласување со саканата личност, но ќе треба да сте мудри. Сетете се на претходните ситуации и пробајте да изнесете поука. Расправиите со партнерот може да се покажат како многу ризични. Трудете се да дојдете до компромис.

Стрелец

Забавата и социјалните активности со блиските ќе ви го разубават овој месец. Ќе имате сјајна комуникација, а еден конкретен разговор ќе донесе неочекувано добри вести. На полето на работата ве очекуваат добри промени, но и големи очекувања. Но, бидете внимателни што потпишувате, бидејќи постои ризик од манипулација.

Ќе се чувствувате добро и расположено. Април ви носи подобрување на различни полиња.