Мерки против загадувањето и во Илинден

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух концентрација на РМ 10 честици ги надминува граничните вредности на повеќе мерни места. Општина Илинден како дел од Агломерација Скопски регион ги објавува следниве мерки и препораки во деновите со зголемена концентрација на РМ 10 честици:

1. Се препорачува на 50 (пеесет) Инсталациите кои подлежат на А и Б Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати за животна средина да извршат намалување до 50% на капацитетот на производство во деновите со зголемена концентрација на РМ 10 честици.

2. Се задолжуваат правните субјекти покрај редовните да извршат вонредни контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки по однос на емисиите во воздух.

3. Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

4. Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.

5. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП воведен од Град Скопје важи и за граѓаните на општина Илинден.

6. Интензивен инспекциски надзор на инсталациите кои имаат влијание на квалитетот на воздухот со мерење на емисии во воздух.

7. Интензивен инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.

8. Контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

9. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

10. Се задолжува сите институции, училишта и јавни комунални претпријатија да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.