Медицинска сестра од Велес позитивна на Ковид-19

Медицинска сестра која работи на детското одделение во велешката болница денес добила позитивен резултат на корона-тестот. Во моментот се наоѓа на лекување во инфективното одделение.

Ова е 131-от дијагностициран случај на коронавирус во Велес од почетокот на епидемијата. Досега има 29 активни случаи, а десетмина велешани починаа.