Мечот Вардар – Копенхаген на Филип Втори

Kaко што дознава Македонски спорт УЕФА го прифатила барањето на ФК Вардар својот натпревар како домаќин со данскиот првак Копенхаген да го одигра на Филип Втори но со променет ред , црвено-црните веќе во вторник први да бидат домаќини.

Според информацијата овој предлог го прифатил и Копенхаген кој според извлекувањето во УЕФА требаше прв да го угости македонскиот првак.

Во барањето стои дека стадионот може да биде со скратен капацитет со што би се продолжило уредувањето на Филип Втори во оние делови каде се изведуваат градежни работи.