Мечето Теди се сели во соседна Бугарија

Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк, поради немање на соодветни услови, дефинитивно во март се сели во „Паркот на танцувачките мечки во Белица“, соседна Бугарија, кој е под фондацијата „Брижит Бардо“ и „Четири шепи“.  Тоа е огромен резерват, каде Теди ќе добие соодветна грижа и најдобри услови.

- Среќна сум што на крај ова мече ќе го дибие она што го заслужува, а тоа е широк простор, ледини, да си трчка и да си живее како што треба да живее едно мече. Во Битола во зоолошката има исто така мечка во несоодветни услови, во волкав мал кафез како овде. Мислам дека тоа ќе биде следната битка, којашто следува во иднина, за тоа мече да добие подобри услови, а во скопската Зоолошка имаме четири мечки, од коишто две, исто така ќе патуваат во резерват, бидејќи сакаме да направиме едно огромно живеалиште, коешто ќе биде по сите светски стандарди и најдобри услови за мечките. Навистина, тие се македонско национално богатство, се заштитен вид и заслужуваат да имаат најдобар живот - изјави Тина Мицковска, портпарол на Зоолошка градина Скопје.