Матка помеѓу 10 најдобри кањони во Европа

Пред некое време британски „Гардијан“ направи репортажа за 10 најубави европски кањони за пешачење и планирање, меѓу кои се најде и Матка.

„Посетителите на Скопје, кои можe да се изморат од пријатни нови споменици во градот може да се упатат кон езерото и кањонот Матка. Кањонот се наоѓа 15 километри југозападно од Скопје и нуди доволно активности за секој ентузијаст: пешачење, прошетки, кајакарство, спелеологија, историја, како и заебележување на птици и ретки видови пеперутки. Во клисурата се наоѓаат средновековни манастири со извонредни фрески, како и голем број пештери до кои може да се стигне со кајче. Од центарот на градот до Матка оди автобусот со бројот 60 и чини околу 40 денари, додека такси ќе ве чини пет фунти. Автобуската станица е на 15 миниутно пешачење од раскошното езеро Матка каде покрај водата има и ресторан. Ако не сте по пешачењето, можете со кајче да ја посетите пештерата Врело, која има неверојатни сталагмити и сѐ уште неутврдена подводна длабочина“, пишува „Гардијан“.