Машки тајни: Слободен сум, иако сум во брак

Постои непишано правило во животот дека колку работите се позабранети, тие се и толку попривлечни. Но, во љубовта тоа често значи неверство. 

За да биде уште полошо, оженетите мажи често кријат дека се женети, па во комуникацијата со слободните девојки уживаат во флертувањето и таинственоста. Тоа всушност и повеќе ги привлекува дел од девојките. Но, што кога тие ќе дознаат? Тогаш, овие мажи прашуваат: Па, зарем е проблем што сум во брак?

Ваквата комуникација често се дополнува со фразите: „Бракот е во криза“, „Заедно сме поради децата“, „Не ја сакам повеќе“.

Но, што навистина се крие позади таквите и слични ситуации, останува скриено позади четири ѕида во бракот и домот. Но, надвор од тие четири ѕидови, голем дел од мажите посакуваат да живеаат слободно.  Тие уживаат во привидното чувство на слобода, внесувајќи возбуда во својот живот.

Најстрашното од сè е тоа дека мнозинството од нив не ни помислуваат дека тоа е изневерување, туку мислат дека е нешто што го заслужуваат бидејќи нештата во бракот не се баш такви како што тие очекувале дека же бидат. За нив, најголемата среќа се јавува кога ја гледаат својата големина во туѓите очи, а тоа е многу лесно кај нова личност која не ги познава доволно.

Секако, приказната има две страни, па сите можеме да се согласиме дека мажите не се единствените што изневеруваат. Тоа го прават и жените. Но,  за нив најчесто се лепат етикети дека се неморални, неодговорни и несовесни мајки. Сепак, за изневерувањето на мажите не се зборува дека тоа го носи семејството и домот на дното.

Голем дел од психолозите истакнуваат дека коренот на ваквите проблеми се јавува од причините за стапување во брак. Голем дел од луѓето стапуваат во брак со луѓе кои не ги привлекуваат доволно, одреден дел од нив сметаат дека веќе не треба да се вложуваат во врската, а друг дел пак стапуваат во брак бидејќи „така треба“.