Марко Настиќ е глобално признаен од многумина како еден од најголемите уметници од Југоисточна Европа.

Додека тој и неговите пријатели ја градеа една од најживописните клупски сцени на Балканот, често инспирираа и други како: Mixmag, The Face и NME да пишуваат и да ја претставуваат.

Во неговата кариера, долга речиси 20 години има направено повеќе од 200 изданија, вклучувајќи rmx и копродукции.

Најпознат е по неговите сетови на 3 дека што му овозможија многу патувања во светот и резиденција на фестивалот EXIT.

Во моментов издава за неговиот label Sake & Vinyl Only и Ama.

Тој вечерва ќе настапи во дискотеката „Епицентар“ во Градскиот парк од 23:59 часот.