Мама – ангелот во нашиот живот

Еднаш многу одамна, едно дете штотуку требаше да биде родено. Пред да се роди, тоа го праша Бог: „Господи, како ќе живеам на земјата вака мал и беспомошен?“

Бог одговори: „Од мноштвото ангели, јас избрав еден за тебе. Ќе те чека и ќе се грижи за тебе, ќе ти пее и ќе ти се смее и секој ден ќе ја чувствуваш големата љубов која ти се пружа.“

„А, како ќе можам да разберам што ми зборуваат другите, ако не го знам човечкиот јазик?“

„ Твојот ангел ќе ти ги каже најубавите и најнежните зборови што некогаш ќе ги слушнеш и со многу трпение и грижа, ќе те научи да зборуваш.“

„Слушнав дека на земјата има лоши луѓе. Кој ќе ме штити?“

„ Твојот ангел ќе те чува од сите, дури и по цената на својот живот.“

Во тој момент на небото владееше потполн мир, но од земјата можеа да се чујат звуци. Детето повторно праша “ Господи, штом сега треба да заминам, кажи ми го името на мојот ангел.“

„ Не е важно името на твојот ангел. Ти целиот живот ќе ја нарекуваш мама.“