Малолетник од Скопје преживеа вистински хорор

Вчера во 18:45 часот во Скопје на булевар „ВМРО“ непознат сторител извршил разбојништво над шеснаесетгодишник од Скопје.

Сторителот со сериозна закана со чекан на малолетникот му одзел мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.