Мали промени во исхраната кои ќе ви донесат одлични резултати

Добриот избор на намирници и внимателната подготовка можат да ви помогнат да ослабите без диети. Најлесниот начин да изгубите неколку килограми на здрав и ефикасен начин е да воведете мали промени во секојдневната исхрана. Послушајте ги следните совети….

Наместо свински врат – Свинско филе

Секогаш трудете се месото кое го купувате да има што помалку маснотии и да биде квалитетно. Свинското филе има помалку масти, а повеќе белковини од свинскиот врат, а разликата во калориите е огромна. На 100 грама месо, разликата е полни 300 калории. Месото секогаш пржете го на скара, со минимална количина масло.

Наместо похован црн патлиџан – Грилуван црн патлиџан

– Црниот патлиџан има 20 калории на 100 грама. Меѓутоа ако го извалате во брашно и го испржите во многу масло, тој ќе ја има истата грамажа, но тогаш ќе има 720 калории, зошто упива од маслото. Докторите советуваат мусаката од црн патлиџан да се прави со грилован зеленчук, зошто разликата во калориите е огромна, а во вкусот е речиси исто.

Наместо полномасен јогурт – Диетален јогурт

Полномасниот јогурт од 3,5 проценти млечна маст има околу 63 калории на 100 мл. Спротивно на него, јогуртот од 0,5 проценти млечна маст на 100 мл има 40 калории. Иако тоа делува како многу мала разлика, имајте во предвид дека јогуртот е нешто што се пие секој ден, па на месечно ниво тоа не е воопшто малку.

Наместо класичен џем – Џем без шеќер

Џемот кој се прави само од овошје е феноменален десерт без шеќер. Меѓутоа, кај нас по правило џемот се прави кило со кило. Па ако килограм овошје има околу 500 калории, тогаш во килограм од истиот џем без шеќер калориите ќе изнесуваат малку повеќе, заради загубата на вода. Но ако вие додадете килограм шеќер, веднаш сте додале непотребни 4000 калории!

Наместо пржен помфрит – Помфрит од рерна

Компирот е одлична намирница , па не треба да се избегнува. Само треба да се води сметка како се приготвува. Во 100 грама компир има околу 80 калории. Истата количина пржен компир во масло има четири пати повеќе калории. Ако сакате помфрит, можете многу лесно да го подготвите во рерна без додавање на масло. Во тој случај ќе има околу 100 калории заради губење на водата.