Мали (но важни) животни лекции

Ова се мали животни лекции, кои е важно да ги знаеме.

Самосвесноста не значи дека секогаш ќе ја направиме правилната работа. Тоа значи постојано учење од грешките, постојано подобрување и трпение во процесот.

Несигурноста и сомнежот се нормална појава. Но, не дозволувајте тие да ве спречат да постигнете големи нешта.

Родителите се луѓе кои имаат маани како  и сите други. Простете им кога грешат. Тие ја имаат најдобрата намера.

Праксата секогаш помага да ги подобриме работите. Таа не секогаш ги носи најдобрите резултати, но помага да стигнеме полесно до целта.

Стравот може да создаде голем хаос во нашиот живот. Не дозволувајте да ја научите таквата лекција на најтешкиот  начин.

Љубовта не е секогаш вечна. Не го заборавајте тоа.

Грешките се нашите најголеми учители. Учењето од туѓите грешки е одлично, но најголемите лекции ги учиме од нашите.

Читањето е добро за нашата душа, нашето размислување и нашиот живот.

Среќата може да се најде во малите, секојдневни нешта.

  Не можете да им кажете на луѓето како да се чувствуваат. Научете да ги прифатите нивните чувства и да разберете дека сите сме различни.

Учењето како да се прости е најважно за сопствениот мир.

Споредбите се крадец на среќата.