Мали нешта кои кажуваат многу за една личност

Сте ја слушнале реченицата „Личноста која е добра со вас, но не е добра со келнерот, не е добра личност“? Иако постојат многу фактори кои можат да ви покажат каква е една личност навистина, сепак треба особено внимание да обрнете на малите нешта за неа.

Но, кои се тие мали нешта на кои треба да внимавате?

Интелигенција

Како се однесуваат за прашањата кои ги знаат, а особено за оние кои не ги знаат. Држете се повеќе до луѓе кои не се прават дека знаат сѐ.

Реакции

Обрнете внимание како луѓето се однесуваат кога нештата не се по нивниот план и кога ќе излезат надвор од нивната комфорна зона. Забележете како тие се однесуваат кога настануваат услови кои не се во нивна контрола. Држете се луѓе кои не претеруваат во такви моменти и оние кои не ја префрлаат вината на друга личност.

Љубезност

Забележете какви се тие кон оние кои не можат да направат  ништо за нив, или кои се на пониско општествено, финансиско или имотно скалило во животот. Бидете повеќе со луѓе кои нудат почит и љубезност кон сите.

Напор

Колку напор вложуваат за да ги подобрат животите на другите луѓе, дали се нудат да помогнат и како се однесуваат кон оние кои се во неволја, без оглед на тоа дали се тоа нивни блиски или подалечни, непознати луѓе. Секогаш трудете се да го забележите тоа и да минувате повеќе време со луѓе кои прават напор за другите.