Мали и вкусни, здрави кекси за целото семејство

Колачи готови за 15 минути, рецепт за сите генерации.

Состојки:

2 банани

1/2 изрендано јаболко

1 шолја овесни снегулки

3-4 урми

1 кесичка цимет

Начин на подготовка:

Се ставаат бананите во сад и се пасираат, па им се додаваат ситно изренданото јаболко без лушпа и овесните снегулки.

Убаво измешајте, исечкајте ги урмите ситно и додајте ги во смесата, па ставете и цимет.

Се меша повторно додека да се соедини.

Со лажица од смесата формирајте колачиња, кои се редат на плех со хартија.

Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.