Македонските возачки дозволи ќе важат во БиХ

Предлог-законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачките дозволи, ќе се најде на дневен ред на 38 седница на Владата.

Договорот предвидува надлежните органи на двете држави реципрочно да ги признаваат возачките дозволи на возачите кои како туристи или комерцијални возачи управуваат со возило на територија на едната или другата држава. 

Се очекува овој чекор да се подобри соработката на двете држави.