Македонски шлагери во Јавна Соба

Јавна Соба продолжува со серијата на македонски шлагери, која започна на 23ти февруари, а ќе продолжи секој петок.


Дојдете на концерт каде ќе се изведуваат некои од најубавите македонски поп хитови во периодот од времето на Шпато до денес, кои ќе ви овозможат едно пријатно патување низ времето, сеќавањата и ќе ве потсетат на различните трендови на култура низ декадите.

Ретро Рингтонс е состав од младата генерација музичари од земјава, кои со сигурност ќе додадат и капка од современиот пристап кон музичката уметност на денешницата.

Бендот го сочинуваат:
Дина Јовановска – вокал
Симон Пеоски – гитара/вокал
Неврус Бајрам – гитара/вокал
Дарко Фотиновски – бас
Кристијан Лафазановски – тапани

Влез: Слободен