Македонски долгометражен филм со музика компонирана од соскаровец

Македонскиот долгометражен аниминран филм „Јон Вардар против Галаксијат“ ќе добие музика компнирана од францускиот композитор Лудовик Бурс. Бурс е добитник на наградата Оскар и Златен Глобус за музиката која ја има компонирано за филмот „Уметникот“ од 2011.

Минатата недела договорот беше и официјалзиран со потпишување на договор за соработка помеѓу двете страни односно, „Линкс студио“ и „Вил продуксион“ од Стразбур. Соработката падна како дел од најголемиот европски фестивал на анимиран филм, кој годинава се одржа во Анеси, Јужна Франција. Покрај Франција, филмот ќе биде копродукција со Украина и Германија.

"Конечно можам да кажам дека се оствари мојот сон да работам како директор во студио за анимација со светски квалитет", изјави Цветановски.
"Филмот досега го претставивме на десетина меѓународни пазари за копродукција. Често бевме во конкуренција со наградувани студија кои постојат преку 20 години. Судејќи по големиот интерес кој го предизвика нашиот проект, со сигурност може да потврдиме дека имаме светски производ", изјави продуцентот Алан Кастиљо.

„Јон Вардар против Галаксијата“ ќе биде првиот македонски долгометражен анимиран филм.