Македонската полиција го пронајде скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат

Македонската полиција соопшти дека после 9 дена е пронајден П.Д од Скопје кој беше пријавен за исчезнат.

„На 11.11.2019 во 22.30 часот пред казино на ул.,,Трифун Хаџи Јанев’’во Скопје, полициски службеници го пронашле П.Д.(53) од Скопје, за кој на 03.11.2019 беше пријавено дека се оддалечил од домот“ соопштуваат од МВР.