Македонија во чест на свети Кирил во Рим

Државно-црковна делегација од Република Македонија денеска ќе се поклони на гробот на свети Кирил во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

Делегацијата ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Попоски, а со молебенот на гробот на светителот ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и митрополитот европски Пимен.

Поради престојот во Москва, претседателот Ѓорге Иванов в петок ќе престојува во Рим и ќе ја предводи државно-црковната делегација на аудиенцијата кај папата Франциско. Иванов задутре во Апостолската палата ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пиетро Паролин.