Македонија: Улици без патокази, убава земја но полна со ѓубре

Улици без патокази, убава земја но полна со ѓубре.  Странците кои се дојдени во државата се жалат - тешко можат да  стигнат  од една до друга дестинација.

Велат  ништо не е обележано, а лоша е и сликата додека патуваат.  Многу често  во убавите предели наидуваат на диви депонии. Состојбата ќе се подобрува со  европски пари.

- Во еден многу убав предел на државава се изгубив. Немаше патокази но имаше и многу ѓубре.Наидов и на диви депонии и тоа треба да се спречи. Овие граѓани заслужуваат подобро опкружување. Очекуваме во слендите 18 месеци оипштините да работата цело време да изготват добро проекти,  Никола Бертолини- Делегација на Европска Унија

Европската Унија со грант од 18 милиони евра ќе помогне да се расчисти  отпадот и дивите депонии, да се подигне квалитетото на услугите ,  вештините на лиценцираните туристички водичи и инфаструктурата. Од домашниот буџет пак за оваа намена ќе  бидат обезбедени 3,2 милиони евра. За средствата можат да аплицираат оптшините , граѓанските асоцијации, локалните микро и мали претпријатија. Преднос имаат општините со готов проект , оние  кои ќе имаат потешкотии во изработката обезбедена им е техничка помош.

Препораките на претставниците од Европската Унија се дека Македонија има голем  потенцијал кој треба да го искористи и да стане позната во светот.   Затоа предлагаат  сите кои можат да аплицираат за овие пари да го направат тоа. Посочија дека туримот како гранка а важен за еконкскиот развој , учествува со 10 проценти во вкупниот БДП.

Огласот е веќе објавен.  Проекот за развој на туризмот   беше презентиран и пред градоначалниците.