Македонија на саемот за културно наследство во Лондон

Главната цел на настанот е запознавање со културното наследство на земјите, размена на искуства, можност за соработка меѓу институциите и музеите, како и презентација на примената на новите технологии во начинот на презентација и користење на спомениците и на археолошките локалитети.

Управата за заштита на културното наследство ја претставува Македонија првпат во Лондон презентирајќи ги најпознатите археолошки локалитети, средновековни цркви и други споменици, градови и природни богатства преку книгите од едицијата „Најзначајните вредности од областа на културното и природно наследство на Р. Македонија“.На Саемот за музеи и за културно наследство, кој има традиција од повеќе децении, можат да се сретнат професионалци од областа на заштитата и користењето на културното наследство од цел свет. 