Македонија на осмо место на листата за најдобро пиво на светот

Пивотот е најконзумиран алкохол, кој се конзумира со векови. Меѓутоа одамна се дебатира која земја има најдобро пиво на светот.

Поради тоа сајтот Ranker креираше листа на која се гласа која земја има најдобро локално пиво. Гласањето се` уште не е завршено, а засега, Македонија се наоѓа на високото осмо место од вкупно 45 рангирани земји.

На прво место е Германија, на второ се наоѓа Белгија, а по нив следат Чешка, Холандија, Ирска, Данска, Австрија, Македонија, Австралија, Словачка, САД, Велика Британија...

Гласањето се` уште е во тек.