Македонија ја отвора Евровизија, ќе настапи прва во првата полуфинална вечер

Македонија ќе го отвори овогодишениот музички натпревар Евровизија кој ќе се одржи во Ротердам, Холандија од 12-16 мај.

Според објавата на официјална страна на Фејсбук на натпреварувањето, Македонија ќе настапи како прва земја во првата полуфинална вечер.

Пејачот Васил Гарванлиев е избран за македонски за оваа година. Песната допрва ќе се избира.

Васил е познат на македонската сцена повеќе години. Го паметиме како слаткото момче кое ја испеа „Марионка“ на Златно славејче.

Потоа тој замина во САД, Италија и Канада, каде што живееше со години. Се врати во Македонија и повторно почна со настапите. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.