Македонец уапсен во Киев поради обид за убиство на еден од најголемите мафијаши на Балканот

Државјанин на Македонија е еден од уапсените за напад на шефот на Кавачкиот клан Радој Звицер, кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев.

Како што сопштила тамошната полиција, напаѓачите биле државјани на Македонија, Србија и Црна Гора и  тие се уапсени во Одеса.

Тројцата напаѓачи се осомничени за напад на Звицер, а при апсењето пружиле отпор и се обиделе да и побегнат на полицијата, но сепак не успаела.

Напаѓачите по испуканите истрели кон Звицер се обиделе да не остават ни трага па го запалиле автомобилот со кој што го извршиле нападот.

Радој Звицер во моментов се наоѓа во тешка здравствена состојба.