Македонец “продава” баба на интернет

На фејсбук-страната на „Пазар 5“ осамна бизарен оглас – Македонец си ја продава бабата.

„Продавам баба, 68 години, има пензија 15.000. Цена по договор“, напишал тој.

Ова предизвика лавина гневни реакции кај луѓето што го виделе огласот. Некои дури и го пријавиле во полиција и во коментарите пишуваат дека од полицијата им рекле дека веќе стигнале преку 40 пријави за истиот случај. Други, пак, му посакаа еден ден и тој да биде продаден на истиот начин.