Македонците на викенд-шопинг во Солун и Софија, на попустите никој не може да им одолее

Сезонските  попусти веќе се во полн ек. Македонските граѓани практикуваат за викенд да пазаруваат во Солун или Софија, а преку недела во работните денови во продавниците и трговските центри на главниот град Скопје.

Домашните трговските центри имаат тотални распородажби на пролетната гардероба.

Туристичките агенции кои пак ги обезбедуваат патувањата за регионалните шопинг центри велат дека однапред им се резервирани местата за патувањата, бидејќи има многу гужва и заинтересираност.

Така еднодневен шопинг за Солун чини од 600 до 800 денари, во зависност преку која агенција патување, а за Софија е околу 1.000 денари.

Најпопуларни места за нашите шопинг туристи се големите центри како Космос, Икеа, Метро, Лидл... Во Космос воглавно има гардероба со цени по македонски вкус.

На распродажбите речиси никој не може да им одолее, а потоа следува слаткиот одмор со шоља кафе крај морскиот брег.

На рафтовите во грчките продавници може да се купат брендирани фармерки од 10 до 15 евра, блузи по 5 евра, фустани за 10 евра... Масовни се попустите и за домаќински работи од 1 до 5 евра може да се купи се и сешто.

Дека нашите граѓани често патуваат во Грција покажуваат и последните статистички податоци каде се согледува дека 2.712.292 Македонци лани биле во посета на Грција.

Најмногу се патувало со сопствен превоз, односно со автомобил. Претпоставките се дека македонските државјани во Грција потрошиле околу една милијарда евра.

Попустите и годинава варираат во зависност од тоа каков предмет купувате, од која трговска марки и дали е од последната сезона или од ланската.

Граѓаните се генерално задоволни од ниските цени и велат дека ги чекаат со нетрпение распродажбите и најчесто трошат повеќе од планираното.