Македонците лесно се навлекуваат на потрошувачките кредити

Во февруари за 13 отсто се зголемиле потрошувачките кредити во споредба со лани. Расте побарувачката и за станбените кредити. Граѓаните велат дека каматите не се поволни, но дека тоа им е единствениот излез од сиромаштијата. Според НБМ овие кредити се во вредност од 2 милијарди евра.

Меѓу стопанствениците пак, работите се поинакви - тие се поскептични и ги чекаат резултатите од преговорите за излез од политичката криза. Фирмите во банките чуваат 2 милијарди, а зеле 2,8 милијарди евра. Слабата кредитна активност е резултат на ниската кредитоспособност на фирмите и, главно, на политичката криза.

НБМ предвидува дека кредитирањето на граѓаните ќе расте. Во просек, едно македонско семејство е во минус со 3.800 евра.