Македонците го менуваат мислењето: Бираат работа во странство пред работа во државна администрација

Според анкетата која ја спроведе Вработување.ком Македонците го менуваат своето мислење во однос на тоа кој е нивниот прв избор за работно место. Ако до пред некое време работа во државна администрација им паѓаше прва на ум сега веќе не е така.

Се гледа дека она правило, најди си државна работа па мирна глава веќе е сменето. Поголемиот број од анкетираните се подготвени да работат во приватна компанија наспроти да бидат на грбот на државата. Па така 33 проценти одбираат приватна компанија наспроти 22.66% кои бараат работно место во Државана администрација.

Речиси идентичен е бројот на граѓани кои се подготвени да заминат во странство(33.87%) а најмал процент од испитаниците се подготвени да започнат сопствен бизнис..

Изразено во проценти одговорот на анкетното прашање изгледа вака:

Прашање:Кога барате работа кој е вашиот прв избор?

а) Државна администрација 22,66%

б) Приватна компанија 33,07

в) Сопствен бизнис 10,40%

г) Странство 33,87%