Македонците бараат спас во бајачи и гатачи

Болест, неплодност, немање среќа во љубовта, брачни проблеми и неверства, неуспех на работа, чувство на беспомошност, депресија...секое второ македонско семејство има некој од овие проблеми. Но колку од нив спасот го бараат во бајачи? 

За жал, за вакви и слични проблеми Македонците се уште мислат дека "решението" ќе им најдат бајачите. Ова го покажуваат бројните примери во кои Македонците биле измамени од бајачките ширум државава. За да ја истераат лошата магија, бајачките земаат пари, накит и облека. Но, голем дел од нив ги симнуваат црните магии само за одредена сума на пари. 

Впрочем, во Македонија нема поголем град или регион кој нема свој бајач кој помага има лек за се и сешто. Дуле од Велес, баба Стојне од Скопје, Вики од Чаир, Маре кај Малага, исцелитетот Иван од Куманово, бројни баби и дедовци од селските предели...ова се само дел од познатите бајачи ширум Македонија кои растеруваат магии, им помагаат на депресивните а воедно и ослободуваат од проклетства и уроци. Но, има и такви кои ја предвидуваат иднината. Ретки се оние кои работат по тарифа “оставаш колку имаш”. Голем дел од нив имаат веќе одреден тарифник за нивните услуги. А пред нивните куќи редици луѓе. Секој од нив со различен проблем – но за голем дел од нив бајачите го даваат истиот одговор – црна магија или уроци!