Мајките ги губат децата по трговските центри додека се на шопинг

Не постои жена која не е љубител на шопингот. Не се вели залудно дека шопингот е добар лек за разни проблеми. А жените секогаш се среќни кога можат да си оделат време за себе, пари за себе и да си шетаат и купуваат од една во друга продавница.

Скопје може да се пофали со задоволителен број на трговски центри. Многу продавници, многу брендови. Цените од највисоки до најниски. За сечиј џеб. Оние кои се потрпеливи ги чекаат попустите и си купуваат дупло поевтино, но има и такви кои не марат колку е цената на парчето кое што им се засвиѓало. Во секој случај секој си знае колку му е длабочината на џебот.

Каде лежи проблемот? Дали родителите толку многу се преокупирани со шопинг па забораваат на своите деца, или пак да не им сметаат во изборот ги пуштаат да се шетаат сами. Дека на родителите им е поважен шопингот, покажуваат и овие податоци, чија бројка воопшто не е мала.