Луксузните автомобили од Карпош, Чаир и Аеродром мета на крадците

Среде бел ден се крадат автомобили во Скопје. Според пријавите до полицијата, најчесто се работи за луксузни возила кои чинат над 5 илјади евра.

Крадците пак скоро секогаш се незабелeжaни од сопствениците ниту од околината иако кражбите се случуваат на улици со зголемен интензитет на сообраќај.

Според исказите на сопственици чии возила биле украдени, причина за грабежот е нивната невнимателност.. Најголем дел од нив изјавиле дека возилото го оставале со вклучени трепкачи но и со клучот на бравата за стартување на автомобилот.

Поради ова од полицијата апелираат за поголема внимателност и задолжително заклучување кога се излегува од автомобилите.

Каде најмногу се краде?

Карпош е омилен за крадците на автомобили во Скопје, а Драчево е помалку актуелно. Во Македонија покрај главниот град кој води на листата за украдени возила, варира второто место кое во 2016 година припаѓало на Велес. Оваа година тоа припаѓа на Битола со 32 кражби. За овој податок покажува статистиката на МВР во која е наведено дека од јануари до октомври оваа година во Полициската станица во општината Карпош заведени се 47 украдени возила. Веднаш зад неа се општина Центар со 46 и Гази Баба со 34 украдени возила. Се краде секаде, и во Чаир, Ѓорче Петров, Аеродром, Драчево...

Сепак, од украдените возила дел се пронајдени, односно една третина. Од полицијата информираа дека во Македонија најмногу се краде во Скопје каде што оваа година се украдени 217 возила или две третини од одземените во цела Македонија. Во Скопје кражбите ги извршиле 32 сторители, факт кој укажува на ограничен број сторители или пак организиран криминал. Во Струмица најверојатно станува збор за индивидуални кражби, бидејќи 28 возила од јануари до октомври 2017 година ги украле 28 лица, а истото важи и за Охрид со 23 украдени коли од 23 сторители.

Од украдените 389 возила во Македонија во 2017 година, полицијата открила 125, додека во 2016 година расветлени се 123 дела „одземање на моторно возило“ од украдени 426 автомобили. Доколку се следи статистиката, оваа година во Скопје се краде идентично како и лани со мала разлика што минатата година биле повеќе сторители. Намалување на украдени возила во однос на лани се бележи во Штип, Тетово и Велес додека мал раст има во Куманово, Охрид, Струмица и Битола.

Инаку Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, од почетокот на годинава во Македонија се украдени скоро 400 возила..

Од нив 125 се пронајдени а по останатите се уште се трага..

Инаку во обид полесно да го пронајдат украдениот автомобил, сопствениците почнуваат потрага и преку социјалните мрежи.. Објавуваат фотографии од возилото и детали каде се случила кражбата..

„Пријатели, вечерва е украдено Цитроен Пикасо од Кисела вода сребрена боја . .. . Ако некој го види нека пријави во полиција , ова е само дел од објавите кои секојдневно можат да се прочитаат на фејсбук..

Отклучените автомобили важат за лесен плен на крадците, Но Тие користат и софистицирани методи за кражба на возила кои поседуваат алармни уреди. Разработен е систем за оттчитување на радио сигнали од клучевите за далечинско отклучување а за стартување на возилото употребуваат електронски модули од хаварисани возила.