Луксузни куќи во Сончев град ќе бидат свртени кон Скопје

Луксузни куќи и зграда Порта Сончев град се градат во рамки на елитниот комплекс Сончев град на падините на Водно, чии инвеститор е "Џевахир Холдинг".Првите куќи се градат во делот кој е свртен кон Скопје.

Воедно, новиот пат почнува пред Сопиште, каде што има кружен тек, а завршува кај Средно Водно. Со тоа жителите од тој реон нема да имаат потреба до Скопје да патуваат преку Припор и Кисела Вода.

Населбата Сончев град со градот ќе биде поврзана преку модерен регионален пат по кој до центарот на Скопје ќе се пристигнува за дваесетина минути. Новиот пат ќе биде од голема корист на жителите на Сопиште, но и на елитниот комплекс Сончев град. Со тоа, тие немаат да имаат потреба да поминуваат низ Припор и Кисела Вода, туку преку североисточниот дел на Водно ќе се спуштат до Скопје.

Патот ќе биде широк околу седум метри и ќе има две коловозни ленти со ширина од 2,95 метри. Вкупната должина на патот ќе биде 4.400 метри, со неколку исклучувања што ќе водат до населбата.

Изведувач на работите е фирмата „Гранит“, а парите за изградба на патот се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.