Љубовта произлегува од нас, од нашата душа...

Луѓето многу често ја изедначуваат љубовта со луѓето кои ги сакаат. Сепак, треба да знаете дека љубовта произлегува од нас, од нашето постоење, од нашата душа. 

Кога чувствуваме љубов, мислиме дека тоа се случува заради некоја друга личност, а не сфаќаме дека ние самите сме љубов, чувствуваме и вибрираме љубов, не само кон некого, туку кон сите. Кога сакаме, околината го забележува тоа, а целокупното доживување на животот е многу поубаво. Чувствуваме дека конечно почнуваме да живееме, почнуваме да ги слушаме песните, да ја забележуваме уметноста, убавината на природата и магијата на животот. А тоа се случува затоа што сме поотворени, посвесни... Тогаш ни се случуваат среќни моменти и ние сме полни со енергија, мотивирани, добронамерни и здрави...

Штета е да мислиме дека потребна е надворешен повод за да бидеме љубов и дека љубовта е условена од односот со некоја личност која мора да се однесува на точно одреден начин или да ни ја возврати љубовта за да можеме да живееме. Вие можете секогаш да бидете љубов. 

Ајде да направиме еден експеримент од две минути. Сѐ што треба е да се фокусирате на некоја случка, ситуација, себеси, Бог, природата, некое животно, што било што вам ви носи чувство на љубов. Тоа може да биде и нешто измислено, може да биде некоја желба или копнеж. Не е важно. Задржете го фокусот некое време и чувството ќе стане сѐ посилно поради Законот на привлечноста кој ни го носи сето она на кое се фокусираме. Секогаш можете да бидете љубов. Можете кога сакате и кому сакате да ја давате вашата љубов. Не е важно дали ја познавате личноста или не. Љубовта насекаде можете да ја праќате дури и со своите мисли. Ќе видите како ќе ви се врати, особено имајќи предвид дека светот е огледало на нашите дејства. 

Во таква ситуација се отвораат сите врати и се случуваат чуда. Љубовта влегува во вашиот живот, затоа што вие сте ја повикале. Толку е едноставно. Сега веднаш треба да почнете да ја ширите љубовта, а не да чекате да се исполнат точно зададени цели и норми, да се допаднете на оној или онаа. Не, веднаш почнете  да уживате во животот. Засакајте се себеси, тоа е најлесниот и најдостапниот пат до љубовта.

Само кажете си на себеси: „Јас го сакам моето тело, го сакам моето здравје, го сакам мојот живот, го сакам мојот имот, го сакам мојот кревет, го сакам моето утринско кафе, го сакам синото небо, сакам, сакам...“