Љубовта не е земање, туку давање – затоа и има толку несреќни во љубовта!

На еден возач му пукнала гумата од автомобилот. На целатa неволја човекот немал резервна гума. По многу обиди, еден автомобил застанал и му помогнал на возачот такашто ми ја дал својата резервна гума. На прашањето како да му се оддолжи на човекот кој му помогнал, човек му рекол да помогне на некој друг што е во неволја и така најдобро ќе му се оддолжи.

Откако возачот стигнал онаму каде што требал да стигне, излегол од паркингот и се упатил кон својот хотел. Таму видел како тројца луѓе тепаат еден човек. Се сетил на зборовите на човекот и влетал и ги избркал луѓето. На тоа човекот му рекол дека мора да му се оддолжи некако. Тогаш спасителот рекол дека ќе му се оддолжи со тоа што ќе помоне на некој друг.

Тој што бил нападнат бил директор на една голема фирма и следниот ден управниот одбор имал состанок на кој требале да одлучат кој ќе дбоие стан од фирмата. Веќе било договорено станот да му биде даден на синот на еден друг директор кој исто така работел во неговата фирма, кој бил самец и кој живеел во луксузната куќа на своите родители. Вториот на листата бил работник кој живеел под кирија и кој имал жена и три деца. Со случката од претходниот ден која се уште му била врежана во умот, директорот го променил мислењето и станот му го доделил на работникот со трите деца.

Тој работник всушност бил возачот кој на почетокот од приказната му помогнал на човекот во неволја и му ја дал својата резервна гума.

Затоа, кога ќе видите некој во неволја, пријдете и помогнете. Доброто секогаш се враќа!