Љубовта не е секогаш доволна!

Чувството дека сакаш да поправиш некого. Сакаш да го спасиш. И повеќе од се, сакаш овојпат да биде различно. Го сакаш принцот на бел коњ. Го сакаш твојот среќен крај.

И така даваш се од себе за да ја спасиш врската. Трчаш во прегратките на оној кој те повредил, пак, пак и пак. Искрено веруваш дека овојпат ќе биде различно. Сигурно се сменил. Ќе биде подобро. И тој ќе се потруди повеќе овојпат.

Хм... погрешно.

„Не можеш да продолжиш да танцуваш со ѓаволот и да се чудиш зошто се уште си во пеколот.“

Тој не е сменет. Работите нема да бидат подобри. Пак ќе бидеш повредена и пак ќе плачеш. Тој е таков каков што е. Вие сте такви какви што се. Вашата врска е отровна.

Тоа нема да се промени.

Не денес, не утре и не за неколку дена. Колку подолго остануваш во врската, толку потешко ќе ти биде да продолжиш понатаму. Колку почесто се враќаш, толку повеќе време губиш на нешто што е осудено на пропаст.

Најтешкото нешто за прифаќање е тоа дека љубовта понекогаш не е доволна. Љубовта понекогаш не е доволна за да се поправи врската.

И затоа немаш друг избор освен да си заминеш.

Тоа е единствената шанса да продолжиш понатаму, да го залечиш срцето и да си дадеш шанса да имаш здрава врска.

Ќе боли. Многу. Нема да биде лесно, но тоа е единствениот вистински пат.