Љубовта не е лек кој го земаш и очекуваш дека одеднаш сѐ ќе биде подобро

Мислам дека е погрешно кога луѓето и пристапуваат на љубовта како таа да ќе им послужи како дел кој им недостасува во сложувалката на нивниот живот.

Мислам дека интегритетот на љубовта се намалува ако ја користиме како алатка за нешто. Како таа да е само средство кое ни е потребно за да дојдеме до целта. Го мразам тоа што се однесуваме кон љубовта како кон храната. Се однесуваме кон неа како да е нешто што можеме да го бараме кога сме гладни, нешто што бараме кога сакаме нешто.

Љубовта не треба да постои само за да нѐ засити. Мислам дека тоа е неразумно и неоправдано поедноставување на она што треба да биде вистинската љубов.

Мразам кога луѓето тргаат во потрага по љубов како таа да е апсолутна нужност. Мразам кога луѓето се потпираат или зависат од љубовта затоа што мислат дека таа ќе им даде чувство на исполнетост во животот. Мразам кога луѓето се вртат кон љубовта затоа што мислат дека таа е некаков одговор на сите проблеми во нивниот живот.

Љубовта не ви должи ништо. Љубовта не е лек кој можете да го испиете и да очекувате дека сѐ ќе биде подобро во вашиот живот. Љубовта не е она на коешто треба да се темели вашето постоење. Вашиот однос не може да го создава целиот ваш живот.

Додека го пишувам ова, ми се јави човекот кој го сакам повеќе од сѐ, па затоа сакам да му кажам неколку зборову и на него:

Сакам да бидам повеќе од твоја партнерка. Не сакам да бидам само некоја која ќе те исполнува. Не сакам да делувам како да си бил непотполна личност пред да влезам во твојот живот.

Не сакам да се однесувам кон тебе како кон непотполно мало човечко суштество кое практично е неспособно за независно размислување. Не сакам да бидам твојот мозок. Имаш свој мозок и тој си функционира супер.

Не сакам да бидам некоја која е покрај тебе само кога условите се добри. Сакам да бидеме повеќе од тоа. Не сакам да бидам девојката на која ќе се враќаш само кога си осамен. Сакам да бидам повеќе од тоа.

Не сакам да бидам некоја која мислиш дека ќе те состави кога ќе се вратиш скршен. Не сакам да очекуваш да бидам заштитник на твојот кревок дух. Не сакам да бидам само огледало кое ти служи подобро да се видиш себеси.

Не ме сфаќај погрешно. Тоа звучи неверојатно и сакам да го правам тоа. Но, не сакам ограничувања. И не сакам да зависиш од мене.

Сакам да живееш живот кој вреди да се живее – без оглед на тоа дали јас постојам или не. Сакам да научиш да се движиш напред, дури и ако тоа значи дека ќе ме оставиш зад себе.

Ќе направам сѐ за да ти го олеснам животот, но на крајот на краиштата, мораш да се потпреш и самиот на себе. Не сакам да бидам дефинирана, ниту да ми биде доделена некаква улога која ќе ја играм во нашиот живот. Не сакам нашиот однос да го дефинира целиот твој свет.

Ние заслужуваме повеќе од себе. И заслужуваме повеќе од тоа да бидеме само двајца на овој свет.