Љубовта е посилна од сѐ: Заљубен Индиец тргнал со велосипед од Индија до Шведска за својата сакана

Пред 40 години започнала преубавата љубовна приказна на еден индиски уметник и млада жена од Шведска. Денес, и покрај многу предизвици оваа двојка е сѐ уште заедно.

Прадајумна Кумар Махандиа е роден во едно село во Индија во 1949 година. Кога бил мал, еден астролог му кажал дека ќе се венча со музичарка од далечна земја, која е родена во хороскопскиот знак Бик.

Кумар не верувал многу во таквото пророштво, но тоа се остварило. Преубавата приказна започнала на 17 декември 1975. Тогаш тој бил уличен уметник. Преубавата девојка со светли очи и светкла коса со име Шарлот ван Шведин го замолила да направи нејзин портрет.

Тој вели: Кога Шарлот застана до мене почувствував како да лебдам. Нејзините очи беа толку сини, длабоки и големи и се чувствував како да гледа низ мене, низ рентген. Бил нервозен и се чувствувал како да не може правилно да го наслика портретот на девојката од неговите соништа, па побарал од неа таа да се врати слендиот ден.

Шарлот се враќала три пати, а Кумар направил три нејзини портрети. По вториот портрет почувствував дека таа е мојата судбина, вели Кумар. Потоа таа му открила дека е родена во хороскопскиот знак Рак, дека свири флејта.

Двојката поминала неколку недели заедно пред Шарлот да се врати во Шведска. Нивната приказна можела да заврши тука, но одлучниот Кумар не сакал да дозволи тоа да се случи. Една година подоцна продал сѐ што имал и купил велосипед. Со многу малку пари и помош од љубезните луѓе и својот велосипед, тргнал на долг пат од Индија до Шведска, само за да ја види Шарлот.

Тие се венчале и заедно се веќе 40 години. Имаат две деца и нивната љубов денес е силна како и првиот ден.