Љубовен хороскоп за првата половина на април

Овен

Можно е да ја повредите личноста која ја сакате со својата потреба да бидете конкретни и спуштени за земја. Имајте мера за сѐ и ќе бидете задоволни од вашата врска, а нема да ги заобиколите ни контактите со пријателите кои ве инспирираат.

Бик

Преку глава ви е од приказни, сакате да прејдете на дела. Но, тоа нема да оди ниту брзо, ниту лесно. Прво треба добро да се запознаете. Ќе се обидете да допрете до личноста која ве интересира со помош на некакви кулинарски специјалитети.

Близнаци

Вашите зборови ќе бидат добро прифатени, а вие позадоволни од претходно. Ќе дојде до подобрување во односите. Со вашиот љубезен став ќе успеете да одржите добар статус кво во врската. Знаете дека засега не може подобро од тоа.

Рак

Не тагувајте и не прашувајте премногу. Ако веќе сте во стабилна врска, прифатете го партнерот онаков каков што е. Ќе заземете филозофски став и на тој начин ќе ги покриете сите недостатоци во вашата љубовна врска. Тоа ќе биде мудар пристап.

Лав

Оние кои биле на праг да се заљубат, овие денови конечно ќе сфатат дека сакаат и ќе имаат поотворен пристап во љубовта. И притоа, во секој момент ќе одржуваат пријателски став кон другата страна и ќе оддолеат на искушението да ја наметнат својата волја.

Девица

Некои ќе влетаат во површна врска во која ќе покажат голема доза на фантазија. Не се залетувајте премногу да не паднете на глава. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце.

Вага

Љубовта ќе биде тивка, а вие таинствени. Некои би можеле да паднат во искушение да започнат тајна љубовна врска. Може да се случи хаос предизвикан од лоша комуникација. Молчете си и едноставно покажете ја љубовта.

Скорпија

Нема да очекувате бајка, но основно ниво на човечко однесување е нешто што би било чесно и за двете страни. Сепак останува отворено прашањето зошто ви е толку важно тоа, дали поради вистината или поради грижата за тоа што ќе кажат другите.

Стрелец

Ќе заклучите дека вашата гордост повеќе не е толку важна колку што е важно да сакате, па затоа ќе ставите крај на еден однос кој многу влијаел на вашата врска, а потоа врската ќе се развива добро.

Јарец

Најдобро ќе се чувствувате во својот свет кој сами ќе го создадете со помош на фантазијата. Сѐ останато ќе бидат фрустрации. Некои на крај сепак ќе ја отворат душата и ќе признаат што чувствуваат. Условите можеби нема да бидат идеални, но искреноста ќе се покаже за добра.

Водолија

Најдобро ќе се чувствувате дома. Оние кои се во врска ќе се повлечат со саканата личност во приватноста на својот дом. Оние кои сѐ уште бараат сродна душа ќе бидат малку мрзливи и тешко ќе излегуваат, но нема да се чувствуваат лошо.

Риби

Супер ќе си поминувате во друштво на саканата личност. Оние кои сѐ уште се сами нека излегуваат почесто. На многу самци ќе им се чини дека љубовта е сѐ поблиску. На некој начин ќе бидат во право, затоа што ќе сретнат луѓе кои исто така ќе имаат отворени срца.

cheap nike free run 5.0