Љубовен хороскоп до крајот на годината

И покрај неповолните позиции на ѕвездите на одредени знаци, сепак среќата е загарантирана.

Овен

За родените во овој знак, кои се во врска, почетокот на месецот носи немири и турбуленции во врската. Подгответе се за оваа нестабилност, бидејќи мали ситници можат да создадат големи проблеми. Наместо да се расправате, пробајте да го разберете партнерот, и да најдете мир преку разговор и компромис.

Бидете трпеливи и не донесувајте нагли одлуки, како раскинување, туку дајте се од себе да ја зачувате врската од радикални промени. Веќе во другата половина на месецот, работите ќе се стабилизираат и ќе успеете да го повратите мирот и доброто расположение.

Оние кои се слободни, ќе имаат прилика да се смират со партнер од минатото, или да започнат врска со личноста која им се допаѓа подолго време и ова може да биде добар чекор. Внимавајте во текот на овој месец да не влегувате во нешто со личност која не е слободна, бидејќи само тоа ќе ви го искомплицира животот.

Бик

Биковите кои се во врска или брак, во текот на декември ќе имаат несогласувања со партнерот, а посебно љубоморни испади, несигурност и сомничавост. Сепак, бидете подготвени за разговор и имајте волја да ги решите работите на мирен начин, па ова може да биде и не толку бурен период. Во втората половина на декември, ве очекува убав период, кога ќе бидете посветени еден на друг и ќе се однесувате романтично. Ве очекува и заедничко патување.

Кај слободните Бикови, декември е во знакот на минатото, тие ќе размислуваат на луѓето со кои имаат нерасчистени односи.

Близнаци

Близнаците кои се во врска или брак, во текот на декември ќе имаат стабилна ситуација на полето на љубовта и партнерството. Може да дојде до одредени несогласувања и конфликти, кога станува збор за плановите за иднината, но тоа може да се реши со добар разговор. Важно е да се усогласите во однос на тоа што го сакате, како и во однос на вашите визии за иднината. Втората половина на месецот носи убави и романтични моменти со патрнерот во кои ќе уживате.

Слободните Близнаци ги очекува бурна врска, која најверојатно ќе остане само авантура.

Рак

Родените во овој знак кои се во врска или брак, ги очекуваат конфликти со саканата личност бидејќи ќе се чувствуваат занемарено. Пробајте да разберете или да најдете заеднички јазик, да ги надминете таквите проблеми. Пробајте да сфатите како партнерот гледа на тие работи, ставете се на нивно место и јасно согледајте во кого лежи вината.

Веќе во другата половина од месецот, работите се поправаат и со разговор и заеднички активности се ќе биде полесно.

Вториот дел од месецот носи можности за сериозна врска за слободните претставници на овој знак, а до тогаш можат само да сметаат на авантури.

Лав

Родените во овој знак кои се зафатени, декември им носи проблеми во однос на комуникацијата. Несогласувањата кои ве мачат, ќе бидат поради тоа што вашиот партнер сака повеќе слобода и независност, и повеќе време за себе. Затоа, пробајте да го разберете партнерот и да ги сфатите причините кои не се врзани за вас директно.

Слободните претставници не сакаат врзување. Решивте конечно да ги избирате најдобрите, што е добра одлука, бидејќи нема да губите време со луѓе кои не ви одговараат. Крајот на месецот ви носи личност која е вистинска за вас.

Девица

Родените во овој знак кои се во врска или брак, ќе ги решат сите проблеми кои ги имале претходно. Сега акцентот доаѓа на отворената комуникација и искреноста, па можете да ги решите работите кои долго ве мачеа. До крајот на годината ве очекуваат убави моменти, а на некои кои се во врска, им се насмевнува и брак. Важно е само да не навлегувате во нови конфликти, туку да ги решите старите.

На слободните Девици им претстои можност да запознаат необична личност која целосно ќе ги освои.

Продолжува на следната страна...

Вага

Ако сте во врска или брак, во текот на декември ги очекувааат многу конфликтни ситуации кои можат да доведат до раскинување. Лошата комуникација, несложувањето околу целите за иднината и турбуленциите ќе бидат дел од вашата врска. Ако успеете да го надминете ова, подоцна ќе биде многу полесно.

Слободните Ваги на крајот на годината ќе го привлечат вниманието на една личност која е вистинска за нив.

Шкорпија

Шкорпиите кои кријат нешто од своите партнери треба да внимаваат, бидејќи можат да им се случат многу изненадни ситуации и тајните да излезат на виделина. Подобро би било да се трудите да бидете искрени и отворени, за да ги избегнете ваквите ситуации. Дури и малите тајни можат да направат големи проблеми.

Слободните претставници на овој знак ќе влезат во врска со личност која на почетокот нема да им се допаѓа многу, но чии квалитети ќе ги запознаваат полека. Таа врска има перспектива, но работите зависат од вас, од вашите желби и очекувања.

Стрелец

Ако сте во врска или брак, последниот месец во годината ви носи решавање на сите работи кои ве мачеа подол период. Сега е вистинско време да ги решите прашањата и да ги извадите сите работи од под тепих. Крајот на месецот носи убави мигови, па добро е да ги искористите и да го зацврстите својот однос со саканата личност.

Слободните претставници на овој знак ги очекува мало разочарување во една личност која им се допаѓа, но за среќа, тоа нема да трае долго. Ќе сфатите дека нема причина да се нервирате, а посебно до крајот на месецот бидејќи ве очекува познанство со личност со која можете да изградите нешто стабилно и трајно.

Јарец

За Јарците кои се во врска или брак, декември ќе биде полн со недоразбирања и лоша комуникација со партнерот, што може да доведе до раскинувања. Потрудете се да не го занемарувате партнерот, и повеќе да се занимавате со заеднички активности. Сега ви е потребно да минувате повеќе време заедно и да го зацврстите својот однос, бидејќи втората половина на месецот ви носи многу убав период.

Јарците кои се слободни ќе имаат можност да влезат во врска, но на крајот на месецот. Дотогаш, избегнете ги лажните ветувања и разочарувања од луѓе кои не се вредни за вашето внимание.

Водолија

Водолиите кои се во врска, во декември ќе бидат себични што ќе донесе свои последици. Едноставно, самите си се ставате себеси во фокус и не сте заинтересирани многу за чувствата на партнерот. Тоа може да резултира со одалечување. Пробајте да ги избалансирате своите потреби и да направите компромис.

Водолиите кои се слободни во првата половина од месецот ќе уживаат во својата слобода, додрка пак крајот на декември им носи интересна личност која ќе им го украде вниманието.

Риби

Рибите кои се во врска, во текот на декември имаат можност за подобрување на комуникацијата. Сите работи кои не беа решени досега, ќе бидат решени во текот на декември. Важно е да разговарате отворено и искрено.

Втората половина од месецот носи можност за кратко патување со саканата личност, па потрудете се да уживате во тоа.

За слободните Риби, важно е да ги препознаат и да не ги пропуштат добрите прилики.