Лишени од слобода двајца скопјани - полицијата кај нив пронашла марихуана

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 16:30 часот на ул.„Радика“ ги лишиле од слобода Ј.К.(27) и Б.Р.(30), и двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.