Лидерска средба во вила Водно: Ќе се договара датумот за предвремени парламентарни избори

На денешната лидерска средба во претседателската вила Водно, треба да се договори датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Со тоа ќе биде договорено и кога премиерот Заев ќе поднесе оставка и ќе биде формирана нова техничка влада според одредбите од Пржинскиот договор.

Откако Европскиот совет во петокот не ѝ додели датум на Македонија за почеток на преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски предложија брзи предвремени избори, на кои ќе им претходи техничка влада 100 дена пред нивното одржување.