Летен хороскоп: Вага, Шкорпија и Стрелец

Што ни носи астро-прогнозата за ова лето за Вагите, Шкорпиите и Стрелците?

Вага

Љубов

До 4 август, магичната Венера носи убава љубов. Летото е одличен период за запознавање нови луѓе и за искажување на чувствата кои долго ги криевте во своето срце. Не очајувајте за старата љубов, туку подгответе се за нови можности. Излезете, проширете го кругот на луѓе, обновете ги пријателствата. 

Ако сте во врска, очекувајте мирен период. Сатурн носи стабилност во емоционалните односи. Вашата љубов станува постабилна, зрела и носи поголема сигурност. 

Работа

На ова поле, важен е придонесот на Марс и Сатурн. Тоа што го започнавте во изминатиот период, може да ви донесе одлични резултати во кариерата. На почетокот на летото ве очекува многу работа и исцрпеност, но работите ќе се смируваат како што минува времето. Ако ви е потребна помош или поддршка во реализација на нови проекти, побарајте помош на крајот на јули и почетокот на август. Некои Ваги можно е да го променат работното место во текот на ова лето.

Здравје

Искористете ја физичката и менталнаа енергија за постигнување внатрешна рамнотежа. Ќе бидете уморни во текот на летото, но ќе се дружите со пријателите и ќе надокнадите со кратки патувања. 

Шкорпија

Љубов

Во периодот меѓу 4 август и 6 септември ве очекува одличен период за подобрување на романтичната ситуација. Во текот на пролетта, Марс во квадрат в донесе многу напнатост во љубовните односи, но летото носи подобра енергија и среќни промени. Осамените срца во овој период ќе имаат можност да ги покажат своите чувства кои долго време ги имаат кон некој од нивното окружување. Љубовта ќе почне да цвета на средината на летото.

Ако сте во врска, односот со партнерот би требало да биде стабилен, но внимавајте на вашата нервоза. Не дозволувајте внатрешното расположение да влијае на вашиот однос.

Работа

Секстилот на Јупитер на вашето Сонце е пресуден за целата професионална атмосфера ова лето. Ќе успеете да завршите многу проекти кои ги почнавте во текот на зимата. Фантастичниот секстил на Јупитер ви носи убави мигови, но Сатурн носи мали компликации. Ситуацијата на ова поле нема да биде премногу сјајна, така што работите конечно ќе се стабилизираат во септември. Внимавајте како ги трошите парите – вложете ги финансиите во професионални можности, наместо да ги растурате. Ако барате нова работа, идеални шанси ве очекуваат во јуни.

Здравје

Потрудете се да избегнете подолги патувања. Потребен ви е одмор и здрава исхрана.

Стрелец

Љубов

Овој период нема да ви биде многу наклонет кога станува збор за љубовта. Венера е во опозиција од 4 август и тоа може да придонесе да не уживате премногу во љубовта, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Ќе чувствувате осаменост, каков и да е вашиот статус. Можно е постојано враќање на минатото, така што нема да гледате околу себе и да остварите нови контакти и да создадете романтична поврзаност со друга личност.

Работа

Ова лето за вас доаѓа зголемена заработка и зголемување на финансиите. Ако во текот на годината започнавте некои проекти, можно е да заработите повеќе ова лето и да купите нешто вредно, како автомобил или имот. Ова е идеален период за продажба или купување недвижности, па така голем успех ќе имаат оние кои се занимаваат со оваа работа. Искористете го периодот за професионални победи.

Здравје

Летото е добар период за негување на телото, стекнување навики и време кога треба да се посветите на себеси. Минувајте повеќе време во природа.