Летен џез-караван

Летниот џез-карван, кој се реализира во рамки на културната манифестација „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура продолжува во Виница.

На платото пред Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница со почеток во 20:30 часот концерт ќе има Гоце Стевковски-Септет.

Се работи за состав од седум македонски џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски, кој веќе извесен период работи на своја авторска музика. Стевковски соработува со „Архангел“, „Леб и сол“, Бодан Арсовски Езгија Бенд, Проект Жлуст, ДНО…Учествувал во бројни џез проекти и соработувал со скоро сите значајни имиња на македонската и балканската џез сцена. Работи и како професор на Џез академијата во Штип.

Во Гоце Стевковски-Септет се и Трајче Велков-труба, Кирил Кузманов-алт саксофон, Иван Иванов-тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски-контрабас, Дамир Имери-клавијатури и Сашко Николовски-тромбон.

Летниот џез караван е организиран од Здружението на џез музичари и слободни уметници.