Лесна крем салата од пченка, одлична за секаква пригода

СОСТОЈКИ: 

Пченка во конзерва(200 Грама)

Ориз(200 Грама)

Маринирани шампињони(100 Грама)

Мајонез (4 Супени лажици)

Кисели краставички (5)

Кисела павлака (600 Милилитри)

Морков (варен 2)

ПОДГОТОВКА:

Овој рецепт се подготвува за помалку од 15 минути

Морковите и киселите краставички ги сечкаме на коцки.

Во длабок сад ги ставаме шампињоните, парчињата кисели краставички и моркови, зрната пченка и претходно сварениот и исцеден ориз и промешуваме.

Потоа ги додаваме мајонезот и киселата павлака и мешаме додека салатата не се соедини.