Овој видео рецепт е прегледан повеќе од 35 милиони пати, а тоа значи дека влегува во врвот на најпопуларните рецепти на светот.

Потребни ви се: компир, путер, јајца, брашно, масло, шунка, кашкавал, сол и бибер

Компирот добро ќе го измиете и ќе го сварите со кора. Исчистете го и додајте путер, јајца, сол и малку бибер па потоа добро изматете да се соедини смесата. За смесата да се згусне додадете брашно па замесете го цврсто тестото.

Додајте уште брашно, ако тестото ви се лепи за рацете.

Потоа во загреана тавче ставете малку масло па пола од тестото растргнете го на дното на плехот. Преку тестото наредете шунка и кашкавал, па одозгора ставете го другиот дел од тестото.

Оставете да се пржи на рингла 3 до 4 минути, а потоа свртете го од другата страна и допржете го додека не зацрвени.

Видеото можете да го погледнете на овој линк: